Додека едни гладуваат, други плаќаат 10 милиони денари за вечера (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Познатиот ресторан на готвачот Нусрет Гокче објави на социјалните мрежи сметка со вртоглав број, кој го направиле гостите на неговиот ресторан.

Loading...

Нусрет Гокче важи за еден од најпознатите готвачи во светот, додека неговите ресторани се најпопуларни и се синоним за луксуз.

Сепак, во последно време, познатиот ресторан се соочува со многу критики, на сметка на услугите на неговите енормно скапи ресторани.

Овој пат Нусрет на својот Инстаграм објави фотографија од сметка со неверојатна сума од 615.065 ОАЕ или скоро 10 милиони денари за само една вечера.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

Вечерата вклучувала и скапи пијалаци, односно пет шишиња вино Pétrus кои сочинуваат половина од вкупната сума на сметката и чинат 325.000 ОАЕ.

Loading...

На сметката имало и две шишиња вино Луј XIII Петрус од 2009 година, кои чинеле 200.000 ОАЕ.

Со оглед на сето тоа, не е изненадување што конечната бројка на сметката беше вртоглава.

Многу луѓе започнаа дискусија во коментарите под објавата на Нусрет.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

– Срами се

– Кога ја гледам оваа фигура и помислувам на сите гладни деца, се чувствувам многу тажно

Loading...

– Помогнете му на некој на кој навистина му е потребна помош, наместо да се прејадува – се само дел од коментарите.