ДНР: Руските трупи влегоа во Угледар

Сподели со своите пријатели

Советникот на вршителот на должноста лидер на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Игор Кимаковски, тврди дека руските сили влегле во предградијата на Угледар и дека во тој град се борат со украинската војска.

Loading...

„Тие влегоа таму и се наметнаа во предградието на Угледар, блокирајќи ги непријателските сили. Нашата артилерија го напаѓа непријателот, кој се обидува да изврши контранапад“, изјави Кимаковски за телевизискиот канал „Соловјев лајв“.

Според него, во моментов главната задача на руските сили не е фронтален напад на Угледар, туку стратегија на „фаќање во штипки“, како што беше успешно направено во околината на Соледар, а сега се прави во околината на Артјомовско.

„Оваа стратегија навистина функционираше многу добро“, оцени Кимаковски, пренесе ТАС.

Од Угледар до Доњецк е 60 километри.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.