ДНР: Ранетите руски војници од Макиивка префрлени на лекување во Русија

Сподели со своите пријатели

Повеќето руски војници ранети во гранатирањето на Макиевка се испратени на лекување во други региони на Русија, соопшти денеска вршителот на должноста шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин.

Loading...

– Заедно со заменик-министерот за одбрана на Русија, Виктор Горемикин и гувернерот на регионот Самара, Дмитриј Азаров, ги посетив војниците кои беа ранети во Макиивка во нападот со американски ракети ХИМАРС во болниците во Ростовската област и Доњецка Народна Република. Речиси сите веќе се префрлени во други региони на Русија, напиша Пушилин на Телеграм, пренесува Спутник.

Пушилин додаде дека, според лекарите, ранетите во најкус можен рок биле пренесени во болниците, заблагодарувајќи им се што можеле навреме да им укажат итна медицинска помош.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Русија, претходно беше наведено дека во украинскиот напад од повеќецевниот ракетен систем ХИМАРС загинале 89 руски војници.

Украинските власти претходно соопштија дека околу 400 руски војници загинале во ракетен напад врз областа Доњецк, а ракета погодила зграда во градот Макиивка, каде што биле стационирани руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.