Дњепропетровск: Двајца загинати, 40 згради оштетени

Сподели со своите пријатели

Во гранатирањето на четири окрузи во областа Дњепропетровск ноќта меѓу 10 и 11 август, најмалку две лица загинаа, а седум беа повредени, објави гувернерот Валентин Резниченко.

Loading...

Две лица загинаа во Никопол, седум се повредени, меѓу кои и едно 13-годишно девојче.

Во градот оштетени се 40 висококатници, а спасувачите ги средуваат урнатините во потрага по затрупаните граѓани.

Претходниот ден, 13 лица беа убиени во напади во областа Дњепропетровск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција и Полска за посилни ограничувања за увоз на храна од Украина