Директорите на разузнавачките служби на Русија и САД се сретнаа во Анкара

Сподели со своите пријатели

Фахретин Алтун, шеф за медиуми и комуникации во турското претседателство, потврди дека директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс одржале состанок во понеделникот во Анкара.

Loading...

„Го потврдуваме состанокот на директорите на руските и американските разузнавачки служби во Турција, кој го организираше Националната разузнавачка организација“, изјави тој за НТВ, пренесе ТАСС.

Тие разговараа за заканите за меѓународната безбедност, вклучително и оние поврзани со можната употреба на нуклеарно оружје, додаде тој.

Според турскиот функционер, Анкара, благодарение на чии посреднички напори претходно се одржа состанок на министрите за надворешни работи на Украина и Русија и беше склучен договор за житото, ќе ги продолжи преговорите со сите страни за постигнување мир.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно за ТАС С потврди дека во Анкара имало руско-американски консултации.

Тие преговори се случија.

Турските медиуми претходно објавија дека во седиштето на турската Национална разузнавачка организација била одржана средба меѓу директорот на руската служба за надворешно разузнавање и ЦИА.