Дипломи и книги за 21 првенец во основно и 6 првенци во средно образование (видео)

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово, денес во организација на Здружението на просветни работници, беше одржана манифестација за доделување дипломи на најуспешните ученици од основното и средно образование во учебната 2014/15 година од училиштата во Куманово и Старо Нагоричане.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”65″]

 

Во име на локалната самоуправа, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој на првенците на генерацијата им додели дипломи и книги, со честитки до нивните професори и семејствата за постигнатите резултати.

– Да се биде првенец во толкав број е гарант за Куманово дека на градот му претстои светла иднина. Иднината на секој град лежи во науката и знаењето, вели Дамјановски.

Традиционалното доделување на награди за првенците се организира по повод 24 Мај, Ден на просветните работници, но поради безбедносни причини, ова година, манифестацијата беше одложена за одредено време, вели Лидија Николовска – Георгиевска, претседател на Здружението на просветни работници од Куманово.

Loading...

Една од многу првенци на генерација беше и Ана Крстевска од ООУ ”Браќа Миладоновци” која изминатите десет години ги оценува како период во кој не било тешко да се постигнат врвни резултати во учењето.

 

На манифестацијата присуствуваа директорите и менторите на учениците од сите основни и средни училишта во градот.