Играчот на Бруклин Нетс, Спенсер Динвиди, победи на натпреварот во вештини на Ол-стар викендот.
Тој во финалето беше подобар од Лори Марканен од Чикаго Булс.
Динвиди во натпреварот на водење на топка, додавање и шутирање победи во сите три нокаут рунди и на крајот заслужено беше прогласен за играч со најдобри вештини.
Ова е прва победа на низок кошаркар, откако претходните два пати славеа високи играчи. /МИА