Димитриевски: Во Кочани формирана граѓанска иницијатива „За наше Кочани“

Сподели со своите пријатели

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во Кочани е формирано граѓанско здружение „За наше Кочани“.

 

 

„Вчера во Кочани е формирано граѓанското здружение „За наше Кочани“, а на средба со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Владимир Данилов. Граѓаните ги препознаваат нашите вредности, граѓанскиот концепт се шири, народот се обединува! Продолжуваме и во другите градови во Македонија!“, рече Димитриевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со 700.000 евра ќе се реконструира спортскиот комплекс „Соколана“ (ФОТО)