Димитриевски: Најдлабоко сочувство до граѓаните на Руска Федерација

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово и кандидат за претседател на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски упати сочувство до Русија по синоќешниот терористички напад во Москва.

Loading...

– Во мое лично име, во име на граѓаните не Општина Куманово, изразувам најдлабоко сочувство до граѓаните на Руска Федерација за сите жртви во терористичкиот акт којшто вчера се случи во Москва и најсилно ги осудувам сите вакви обиди, гестови, терористички акти. Мора сите заедно да се бориме против тероризмот и сите видови насилство, напиша Димитриевски.

 

 

Најмалку 93 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени, меѓу кои и деца, во терористичкиот напад синоќа во салата „Крокус“ ​​во Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Утринските температури во минус

Напаѓачи облечени во маскирни униформи упаднаа во голема концертна сала во Москва и отворија оган и ја запалија.

Напаѓачите побегнале, а утринава Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани.

Loading...