Димитриевски на средба со Перо Антиќ

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски вчера оствари средба со екс кошаркарот и актуелен претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ.

Loading...

На средбата, според известувањето на градоначалникот, се разговарало за враќање на градот во највисокото ниво на наптреварување, но и претстојното финализирање на реконструкцијата на спортската сала.

– Куманово е град на кошарката и се стремиме за враќање на највисоко ниво на натпреварување во овој спорт во општината со целосната реконструкција на Спортската сала, која е во завршна фаза и со веќе изградени модерни баскет игралишта на различни локации во Општина Куманово, рече Димитриевски.

Никола Ивановски