Димитриевски: Многумина крвареа за Заев и голем дел од нив денеска се разочарани

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервју за Макфакс потенцираше дека многумина крвареле за поранешниот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев и голем дел од нив денеска за жал се разочарани.

Loading...

„Многумина од нас крвареа за Заев и голем дел од нив денеска за жал се разочарани. Верував во концептот „Едно општество за сите“. Верував во концепт дека немаме еднакво општество за сите, дека нема доволно правда, нема доволно мир во поранешниот систем на Груевски, всушност од моментот кога дојдовме на власт тоа едно општество за сите се трансформираше во едно општество на поединци коишто екстремно ги злоупотребуваа позициите коишто ги добија“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека во периодот на локалните избори влегол во една непопуларна кампања, сам против сите, но тоа граѓаните го препознаа и застанаа зад граѓанската иницијатива што победи во Куманово.

На прашањата дали имал понуди за повторен камбек во СДСМ и со кого е скаран, тој посочи дека раздорот е на идеолошка основа и не е скаран со никого, туку едноставно се бори за други вредности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Македонија до 9 часот?

„Јас не сум скаран со никого, мојот раздор е на идеолошка основа. Јас едноставно се борам за други вредности, заедно со многу активисти на Социјалдемократскиот сојуз коишто всушност дојдоа на овие избори настапија рамо до рамо со мене како граѓански активисти. Имало обиди и сè уште има особено кои доаѓаат со пораки од носители на високи политички функции да се вратам во редовите на СДСМ. Мене СДСМ ми е тука, но не ми е местото помеѓу тие луѓе таму, бидејќи тие го уништија тоа мое СДСМ. Ние со генерации го создававме наназад и го доведовме на ова дереџе коешто е денеска. Владее еден феномен во оваа држава којшто едноставно не објаснија, на времето 90-тите години од страна на поранешните комунисти се велеше дека вмровците биле пробугарски ориентирани, а комунистите пак биле просрпски ориентирани. И денеска сдсмовците станаа под наводници “бугараши“, а овие другите станаа просрпски ориентирани. Тоа е феномен. Зошто се случува тоа? Затоа што многу поединци што менаџираат се апсолутно гладни за власт, воопшто не им е важна ни програма, ни принцпот. Спремни се да прегазат преку сè. Затоа ова што денеска ни се случува е недозволиво. Одам понатаму со своите соборци со кои настапивме на последните локални избори, да ја шириме заедничката идеја и да им објасниме дека има нови сили што сакаат различна Македонија што ќе донесе поубаво утре. Со Куманово успешно се менаџира, од една општина којашто беше финансиски најзаглавена, или меѓу првите три, а денеска сме финансиски најстабилна“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени над 70% од гласовите во Македонија: Ова се резултатите!

Во интервјуто за Макфакс, Димитриевски потенцираше дека на последните локални избори како тим не ветиле бесплатен автобуски превоз, а денеска Куманово е единствената општина којашто втор месец имплементира таков проект и секојдневно на 26 линии граѓаните се возат целосно бесплатно.

„Ние нема да понудиме на граѓаните празни зборови или празни платформи коишто претходно ги имаа сретнато, туку ќе им покажеме дека ние тоа веќе го правиме во Куманово и знаеме како да менаџираме, успешно менаџираме и ја зголемуваме брзината на максимум, а ја намалуваме потрошувачката на минимум. Како? Ги сечеме непродуктивните трошоци, а дали има поддршка од централната власт ќе ви кажам дека нема. Нивните зборови се празни, велат 300 километри изградиле инфраструктура и патишта во Куманово, видете во цела Македонија немаме 300 километри, а не да изградат. И се што е изградено е изградено со пари на граѓаните кои плаќаат ДДВ, јавни даноци, такси. Верувам дека со вакво темпо Куманово за можеби 4,5 или 6 години ќе добие еден модерен и урбан лик. Ние оваа година ќе имплементираме сериозни проекти, реконструкција на малиот плоштад, најголемиот градски парк ќе го реконструираме во целост, веќе дел го завршивме продолжуваме во негова трансформација на модерен парк, спортски со нови содржини, смарт парк, и уште многу други инвестиции“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)