Димитриевски и Институтот за Европска политика потпишаа Меморандум за соработка

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска со претставници од Институтот за Европска политика потпишаа Меморандум за соработка во просториите на општината.

Loading...

„Денеска потпишав Меморандум за соработка со Институтот за Европска политика со цел спроведување на проектот „Зајакнување на испораката на социјална заштита преку социјална одговорност, со фокус на маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и Роми повратници“ на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, чија цел е имплементација на процес на социјална одговорност за социјална реформа од 2019 година и нејзино влијание врз маргинализираните заедници. Активностите ќе се спроведуваат во две општини, Шуто Оризари и Куманово и ќе се однесуваат на следните сервиси: гарантирана минимална помош, ученички и детски додаток“, потенцира Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје