ДиКарло: Нема знаци за крај на војната

Сподели со своите пријатели

Потсекретарот на ОН за политички и мировни прашања, Розмари Ди Карло, во Советот за безбедност најави дека нема индикации за крај на конфликтите во Украина и дека во моментот преовладува воената логика, со многу мал, ако воопшто, простор за дијалог, пренесува Гардијан.

Loading...

За време на состанокот на Советот за безбедност во петокот, Ди Карло рече дека високиот комесар на ОН за човекови права потврдил 18.096 цивилни жртви од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година, но дека реалните бројки веројатно се многу поголеми.

Амбасадорката на САД во светската организација Линда Томас-Гринфилд на средбата изјави дека од август Иран префрлил стотици беспилотни летала во Русија, што е кршење на резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, додека Северна Кореја испорача противпешадиски ракети и ракети до Москва кои се наменети за паравоени формации „Вагнер“ со што се прекршени и резолуциите на СБ на ОН за санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова, на средбата објавила дека најголемиот дел од руските ракетни и беспилотни напади се насочени кон цивилна инфраструктура, односно 62 отсто од сите удари, пренесува британскиот весник.

Таа повика на воведување нови санкции во „секторите од посебно економско значење за Русија“.

Целосно ембарго на нафтата и гасот, исклучувањето на руските банки од глобалниот финансиски систем е цената што треба да ја плати државата агресор, изјави Јапарова, пренесува Гардијан.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека војната во Украина може да се стави крај само кога целите на Москва ќе се постигнат со преговори или воени средства, пренесува ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Можноста за прекин на специјалната воена операција во Украина ќе се појави дури кога Киев ќе престане да претставува закана за Русија и да ги дискриминира Украинците кои зборуваат руски. Доколку овој резултат може да се постигне преку преговори, ние сме подготвени за такво сценарио. Во спротивно, нашите задачи ќе бидат остварени со воени средства, рече Небензја во петокот на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.