Девојчето се удави во Јадранско Море

Сподели со своите пријатели

Осумгодишно девојче од Германија се удавило додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција.

Loading...

Девојката била на одмор со семејството кога очигледно доживеала некаков проблем додека пливала и се удавила.

Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набрзо забележале дека нејзиното тело лебди по водата и дека детето не се движи.

Веднаш го вклучиле алармот, поради што спасувачите дошле на местото на настанот.

Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација.

На местото на настанот пристигнал хеликоптер, но по еден час реанимација девојката била констатирана мртва, пишува Билд, а пренесува Нова.рс.