Девизи, облека и разна стока запленети на Табановце изминатата недела (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Девизи, разни парчиња облека и техничка стока биле запленети во текот на изминатата недела на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, 16.250 евра биле откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, во паричник на патник во автобус со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 8.300 евра за кои не поседувал документ за потекло.

Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 7.850 евра за кои не поседувал документ за потекло.

Во третиот случај, во преден џеб од фармерките на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички како и во преградата пред совозачкото седиште, биле пронајдени вкупно 6.100 евра за кои не поседувал документ за потекло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Согласно законските прописи на лицата им биле вратени по 2.000 евра, а останатиот дел од сумата биле одземени.

 

Loading...

 

Во текот на изминатата недела биле запленети и 480 парчиња мамки за риболов и 980 држачи за трски за риболов.

Како што информираат од Царинската управа, тие биле откриени од страна на Службата со мобилен скенер, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи биле пронајдени во кутии сместени на креветот во кабината на возилото.

– Истите се привремено задржани а против возачот, македонски државјнин, ќе биде поведена прекршочна постапка, стои во соопштението.

Запленети биле и три употребувани технички производи, еден употребуван моторцикл и еден нов пневматик.

Истите, како што објаснуваат од Царина, биле откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило за транспорт на возила со словенечки регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово настапи на фестивал во Германија (ФОТО)

При контрола, во внатрешноста на едно од натоварените возила биле пронајдени 1 употребуван компресор за перење возила, 2 употребувани автоматски правосмукалки и 1 употрбуван миникрос моторцикл и 1 нов пневматик за моторцикл.

Loading...

– Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

 

 

Биле запленети и 278 порцелански плочки за гравирање со разни димензии, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

При контрола на возилото, помеѓу седиштата биле пронајдени три пакети со порцелански плочки.

Непријавените производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

203 парчиња облека (маици, хеланки, тренерки, блузи, кошули, елеци, чорапи и друго), 21 пара спортски обувки и 16 ранци, откриени при контрола на товарно возило со бугарски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урош Луковиќ го засилува МКК Куманово

– Непријавените производи, пронајдени над горниот кревет во кабината на камионот, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна пријава, стои во соопштението.

И козметика паднала во рацете на царинските службеници.

Вкупно 1.941 парчиња козметички производи, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

При контрола на возилото во 11 пакети сместени на креветот и позади совозачкото седиште, биле пронајдени 1.851 креми за лице против флеки и пеги, 30 креми за лице ANTIAGE и 30 руменила за усни DON JUAN.

– Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, додаваат од Царинската управа.

Никола Ивановски

Loading...