Деветгодишно девојче убиено во престрелката во Ливерпул

Сподели со своите пријатели

Деветгодишно девојче е убиено, а двајца возрасни повредени во престрелка во Ливерпул.

Според полицискиот извештај, пукањето се случило синоќа околу девет часот по локално време, а по осомничениот се уште се трага.

Девојчето се здобила со прострелна рана во градниот кош и во критична состојба била пренесена во болница, каде подоцна починала.

Loading...

Како што пишува Гардијан, две лица се пренесени во болница со прострелни рани.

Мажот се здобил со прострелни рани по телото, а жената со прострелна рана во раката.

Полицијата соопшти дека непознат маж упаднал во имотот околу 22 часот по локално време и испукал со пиштол.

„Ова е навистина шокантен инцидент во кој трагично беше убиена млада и невина девојка и за жал почина. Испраќаме сочувство до семејството и пријателите во овој многу тежок момент, нашите мисли се со нив. Ниту еден родител не треба да доживее загуба на дете во овие ужасни околности. Ова злосторство е одвратно и нашите заедници мора да излезат и да ни кажат кој е одговорен“, рече помошникот шериф Џени Симс.

Истрагата е во тек.

Loading...