Десничарите победија на изборите во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија со 25,4 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од 99 отсто од преброените гласачки ливчиња.

Loading...

Центристичката антикорупциска партија „Продолжуваме со промените“ е на второ место со 20,2 отсто од гласовите.

Конечните официјални резултати, кои ќе вклучуваат гласачки ливчиња од странство, се очекуваат во четврток.

Четврти избори во последните две години

Бугарите гласаа вчера на нивните четврти национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна влада поради длабоките поделби во политичката елита околу тоа како да се справи со вкоренетата корупција.

Исто како и минатата година, Борисов, кој вети дека „ќе донесе стабилност и ќе биде посилен од хаосот“, се очекува да има проблем да најде коалициски партнери меѓу неговите главни ривали кои го обвинуваат дека дозволил да расте корупцијата за време на неговото 10-годишно владеење кое заврши минатата година.

Продолжените политички превирања се закануваат да ги поткопаат аспирациите на Бугарија да се приклучи на еврозоната во 2024 година во услови на двоцифрена инфлација и високи цени на енергијата и може да доведе до омекнување на нејзиниот став за руската војна во Украина.

Аналитичар: Формирањето влади ќе биде тешко

Доколку не успее да се формира функционална влада, земјата-членка на ЕУ и НАТО ќе бидат препуштени на привремена администрација назначена од претседателот Румен Радев, пријател на Русија.

Сепак, аналитичарите велат дека политичките партии, свесни за економските ризици од војната во Украина, суровите зими од енергетската криза и фрустрацијата на гласачите поради политичката нестабилност, би можеле да ги остават настрана нивните разлики и да се одлучат за технократска влада.

Loading...

„Формирањето влада ќе биде тешко и ќе бара сериозни компромиси“, вели Даниел Смилов, политички аналитичар во Центарот за либерални стратегии.