Вработените во обезбедувањето на лондонскиот аеродром Хитроу гласаа за штрајк на 10 дена, незадоволни од понудата за зголемување на платите за 10 отсто.
Ова го соопшти синдикатот „Јунит“.
Над 1.400 вработени ќе учествуваат во штрајкот, кој ќе започне на 31 март и ќе заврши на 9 април, во недела на Велигден, пренесе „Ројтерс“.
– Аеродромските работници се клучни за успехот на неговата работа и заслужуваат праведно зголемување на платите – изјави генералниот секретар на синдикатот „Унит“, Шерон Греам.
Синдикатот соопшти дека понудата на аеродромот за зголемување на платите за 10 отсто не може да надомести за долгогодишните замрзнувања и намалувања на платите.
Од друга страна, „Хитроу“ објави дека има вонредни планови да го задржи аеродромот во функција.
– Заканата дека штрајкот ќе ги уништи тешко заработените празници на луѓето нема да го подобри договорот – изјави портпаролот на аеродромот „Хитроу“, додавајќи дека „Унит“ треба да се врати на преговарачка маса наместо да штрајкува.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.