Десантис се откажа од трката за претседател на САД. Го поддржа Доналд Трамп!

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Де Сантис се повлече од републиканската трка за претседателските избори во САД.

Loading...

Синоќешната одлука на гувернерот дојде откако главниот републикански кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, победи на внатрепартиските избори во сојузната држава Ајова, додека Десантис тесно ја победи својата најблиска ривалка Ники Хејли.

Десантис (45) на социјалната мрежа Икс (Твитер) објави дека се повлекува и го поддржа Трамп како републикански кандидат на претседателските избори во САД во ноември годинава.

Тој рече по консултациите со неговиот тим од кампањата дека има проблем да види „чист пат до победата“ во внатрепартиската трка.

Блумберг претходно објави дека Десантис размислува да се повлече пред републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир на 23 јануари за да избегне „катастрофално“ трето место.

Според анкетата на Си-Ен-Ен и Универзитетот во Њу Хемпшир, Десантис има само 6 отсто од гласовите на републиканците во таа држава, додека Трамп има 50 отсто, а Ники Хејли 39 отсто.

Блумберг додава дека некои од неговите донатори на кампањата сакаат тој да го задржи политичкиот капитал, за да може потенцијално да се кандидира за претседател во 2028 година.