Десантис не ја исклучува опцијата за напади со дрон во борбата против мексиканските картели

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Флорида Рон Десантис изјави дека ќе искористи „се што е потребно“ за да ги уништи мексиканските нарко картели доколку биде избран за претседател на САД, со или без помош на мексиканската влада.

Loading...

„Ако ја нападнат нашата земја и го убијат нашиот народ, ние имаме право да ја браниме нашата земја“, рекол Десантис во Ајова, одговарајќи на прашањето дали со дронови би нападнал мексиканска почва, пренесува порталот „Хил“.

Тој додаде дека САД имаат право да бараат одговорност од Мексико.

„Ако Мексико нема да ни помогне во тоа, тогаш ќе мора да го направиме она што треба да го направиме“, рече Десантис, пренесе Танјуг.

Оваа изјава е само последна во низата републиканци кои сè почесто бараат воена интервенција во Мексико, бидејќи јужната граница на САД останува едно од најсериозните прашања во претседателската кампања.