Дер Стандард: Владата на РМ не дозволува меѓународна истрага за кумановската криза

Сподели со своите пријатели

Македонскиот премиер го избегнуваат во Брисел додека се бара начин како да се постапи со земјата, пишува австриски Дер Стандард, пишува Дојче Веле на македонски јазик.

Loading...

Македонската влада со сите сили се спротивставува на барањата за меѓународна истрага за случувањата во Куманово, пишува австрискиот весник Дер Стандард во анализата посветена на состојбата во земјата.

„Што навистина се случи во Куманово останува нејасно. Македонската влада се спротивставува на барањата за меѓународна истрага ‘со раце и нозе’, вели еден дипломат. Таква истрага бараа повеќе ЕУ-членки како и Албанија“, пишува Дер Стандард.

Весникот се осврнува и на погребот на убиените членови на вооружената група во Косово:

„Погребот во вторникот се претвори во манифестација на албанските ултранационалисти и на нивната идеја за Голема Албанија. Ветераните на УЧК во Приштина се однесуваа како да пристигнале вистински херои. Но всушност се работеше за посмртните останки на деветмина криминалци и еден поранешен член на УЧК кои беа убиени од македонската полиција на 9 и 10 мај во Куманово“, наведува Дер Стандард.

Австрискиот весник објавува и коментар за случувањата во Македонија потпишан од авторката и на претходниот извештај, Аделхајд Волфл.

„Македонскиот премиер Никола Груевски веќе многумина го избегнуваат во Брисел. Во Брисел се обидуваат да добијат на време, за да одлучат како да постапуваат со нестабилната држава.

(…) Доколку се погледне колку луѓе успеа да мобилизира партијата на Груевски на демонстрации, станува јасно дека тој се уште ги држи уздите во свои раце. И покрај злоупотребата на судството, корупцијата и контролата врз медиумите кои беа откриени преку прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата изминативе месеци, Груевски останува демократски избран шеф на владата“.

Loading...

Погребот во Приштина се претвори во манифестација на албанските ултранационалисти, пишува Дер Стандард

(…) Излез од бесперспективноста не е на повидок. Во ЕУ постојат држави, кои ја блокираат Македонија. Грција и Бугарија со години ги блокираат сите иницијативи, кои треба да и го отворат патот кон ЕУ на земјата. И сега го прават тоа. И тоа, иако приближувањето кон ЕУ и НАТО- имајќи ги предвид и руските амбиции- би било логична можност да се стабилизира земјата“, коментира Дер Стандард.

 

Leave a Reply