Денис Родман: Знам што сака Северна Кореја, но тоа ќе му го кажам само на Трамп

Сподели со своите пријатели

Денис Родман тврди дека знае што сака претседателот на Северна Кореја од САД, но дека тоа што го знае ќе му го каже само на американскиот претседател Доналд Трамп.

По она што се нарекува „одлична недела за хуманитарна работа во Гвама и Токио“, Родман во понеделник во Пекинг изјави дека и натаму ќе настојува да допринесе за помирување помеѓу Трамп и „Маршалот“.

Седум најголеми лаги од Северна Кореја (фото+видео)

Loading...

– Од првиот ден зборува на Трамп да дојде да разговараме. Ќе му кажам најдобро што сака Маршалот, изјавил Родман за Гардијан.

На прашањето на новинарите за што станува збор, Родман рекол дека не сака да открива.

– Ќе му кажам на Трамп ако го видам, рекол тој.

 

 

Засега се шпекулира дека станува збор за кошаркарски натпревар, со оглед на тоа дека во друго интервју во Пекинг, Родман изјазил желба за егзибиционален натпревар помеѓу Северна Кореја и САД на територијата на Гвама, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Родман во 2013 година ја посети Северна Кореја во неколку наврати. Познатиот кошаркар и Ким Џонг Ун наводно ги зближила заедничката љубов кон кошарката.