Денеска ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзинаи над 80 км/час, а ќе има и врнежи од дожд, кои позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2.
Во Куманово и околината времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветер со јачина од 35 километри на час и тоа од јужен и југоисточен правец. Врнежите од дожд кои ќе бидат застапени во денот и поинтензивни веќе во текот на ноќта ќе слабеат. Максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти до -1 степен целзиусов.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер, стои во метео предупредувањето на УХМР.