Денеска сончево и топло, за викенд значително заладување

Сподели со своите пријатели

Сончево со мала до умерена облачност најавуваат метеоролозите за денеска.

Попладне во западните делови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Индексот на УВ зрачењето ќе биде со коефициент 8.

Во Куманово и околината во текот на денешениот ден ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 27 степени целзиусови.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови.

За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Leave a Reply