Денеска пред Анкетната комисија се очекува да сведочат Јанкуловска и Груевски

Сподели со своите пријатели

Според распоредот за сведочење пред Анкетната комисија за прислушување, денеска во 11 пред членовите треба да се појави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а час подоцна и Николла Груевски кој минатата недела го одложи сведочењето поради обврски со патување во Израел.

Loading...

Пред анкетната комисија, досега не се појавија за сведочење министерот за финасии, Зоран Ставрески, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер. Ставрески побара да се презакаже претходно утврдениот термин.

Груевски и Јанкулоска, предложени како сведоци од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе сведочат зад затворени врати.