Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден времето ќе биде пблачно и свежо со врнежи од дожд, а повремено со умерен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а утринска температура ќе има вредност околу 8, додека масималната дневна до 9 степени целзиусови.
Жителите на Куманово и околината ќе се разбудат на шест степени целзиусови, со дождливо утро, но и со облачно и дождливо време во текот на целиот ден. Максималната дневна температура ќе се искачи само до осмиот степен, а ќе дува и слаб северозападен ветер.
Во петок претпладне врнежите ќе престанат, но ќе дува умерен до засилен северен ветер, па така ќе имаме релативно свеж ден. Ветровито и свежо ќе биде и во сабота, но облачноста постепено ќе се намалува. Поради тоа во недела наутро температурата ќе се движи од 2 до 8 степени, но дневната ќе биде во пораст, од 14 до 20 степени целзиусови, додаваат од УХМР.