Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен јужен ветер и повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег, а истите ќе бидат пообилни во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
Што се однесува до Куманово и околината денеска нема да имаме минусни температури, а времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во текот на вечерните часови може да преминуваат во врнежи од снег со крупни лапавици. Температурата во текот на денот може да достигне до петтиот степен, додека минималната ќе се спушти до 2 степени над нулата, според информациите на порталот accuweather.
Во среда повторно ќе има услови за врнежи од дожд, додека во четврток ќе има преодно заладување и врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во петок ќе имаме услови за краткотрајно сонце, а од сабота повторно се враќаат врнежите.