Неколку локации во Куманово денеска и утре ќе останат привремено без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 07:30 до 14:30 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „11 Ноември“, поточно од мостот за населбата Бедиње до „Кафе Мока“.
Прекини во истиот период ќе има и кај дел од улицата „Трајко Јовановски Кмет“ кај Шумското стопанство.
Утре пак во период од 07:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците до дел од улицата „Моша Пијаде“, поточно од градинката до кружниот тек.
Никола Ивановски

