Денешниот ден ќе биде еден од најтоплите денови во 2015

Сподели со своите пријатели

Оваа работна недела веројатно ќе биде најтоплата годинава. Овој понеделник има потенцијал да биде и најтоплиот ден во 2015та.

Loading...

Температура долж повардарие ќе достигне вредности околу 39°С во северниот дел, и околу 40°С во јужниот. Нема потенцијал за температурата да надмине 41°С.

Вторник ќе има за нијанса пониска темперетура, но повротно во најголем дел во границите од 35°С до 38°С во повардарскиот крај, околу 34°С во пелагониската котлина, а во охридско-преспанскиот крај, како и на повисоките места во источниот регион, максималната ќе достигнува вредности околу 32°С.

Слична вредност на температурата се очекува се до крајот на работната недела.

Овој период ќе биде сушен низ земјава. Минимална веројатност за дожд ќе има во планинскиот регион на крајниот запад, и тоа повеќе во втората половина од неделата.

Вредноста на УВ индексот овие денови ќе биде 9.