Денес сончево – за викенд врнежи и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Петок започнува со сончево и тивко време, а така ќе остане и до карајот на денот, јавува Метеопро.

Во сабота се очекува ново наоблачување кое ќе донесе повремен дожд во попладневните часови. Дел од овие врнежи ќе имаат локален повремен пороен карактер, но ќе бидат релативно краткотрајни.

Loading...

Дневната максимална ќе има вредност од 27°С до 29°С долж Повардарие и околу 26°С низ останатите котлини.

Сабота во однос на петок ќе биде посвежа за 2 до 3 степени.

И недела носи дожд, пред се во попладневните часови. Се очекува недела во однос на сабота да биде поврнежлива. Максималната температура ќе има вредности во дијапазонот од 21°С до 24°С долж повардарие и околу 20°С во останатите котлини.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *