Денес сонце – од утре дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Почетокот на неделата ќе го одбележи топло и претежно сончево време, јавува Метеопро.

Loading...

Мало наоблачување се очекува попладне, а услови за краткотраен дожд ќе има во повисоките предели низ земјата. Максималната температура во понеделник ќе забележи вредности околу 22°С во поголем дел од земјата, додека малку потопло ќе биде во јужниот вардарски тек, каде максималната ќе достигне околу 26°С.

Вторник носи промена на времето. Се очекува пад на температурата, од околу 3 до 4 степени во однос на понеделник. Ќе биде пооблачно и поветровито. Низ земјата, особено попладне и вечер се очекува повремен дожд, но овој дожд локално ќе има краткотраен пороен карактер и ќе биде проследен со појава на грмежи.

Среда ќе биде пооблачна наутро. Во овој дел од денот се очекуваат слаби врнежи кои ќе бидат позастапени во источниот крај. Остатокот од денот ќе помине во променлива облачност со сончеви периоди. Попладне услови за слаб дожд ќе има во западниот крај.

Максималната температура во поголем дел од земјата ќе има вредност под 20°С, односно ќе биде во дијапазонот од 15°С до 19°С. На повисоките места таа нема да надмине 14°С. Само југоисточниот регион може да очекува максимална која ќе има вредност околу 20°С.

„Чисто“ време не се очекува ниту во четврток. И во овој ден се очекува умерена облачност која локално во текот на попладнето ќе биде позначителна и ќе донесе врнежи. Но, повторно станува збор за релативно краткотраен дожд. Утрото ќе биде посвежо во однос на претходните денови. Максималната температура ќе бележи пораст во однос на среда за околу 2 до 3 степени.

Празникот кој обично бива врнежлив, оваа година во најголем дел од земјата би требало да оди наспроти убедувањата. Петок ќе помине во релативно сончево време, а ќе биде и потопло во оснос на четврток. Максималната темпераура ќе има вредности околу 20°С, а во југоисточниот крај околу 24°С.

За време на викендот се очекува мал пад на температурата. Но, овој температуран пад во сабота ќе трае само еден ден. Веќе во недела повторно се очекува пораст на температурата.  Во однос на временските услови, пооблачна ќе биде сабота во однос на недела.

Loading...

Во сабота може да се очекува и дожд низ земјава.


Leave a Reply