Државниот испитен центар денеска ќе ги објави резултатите од јунската сесија на екстерното проверување на постигањата на учениците за деветтоодделенците.
Loading...
Право на приговор на резултатите учениците имаат во наредните три дена и истиот се доставува до училиштата каде ќе им биде овозможен и увид во тестот.
Деветоодделенците први ги добиваат резултатите од екстерното затоа што им претстои запишување во прва година средно образование. Резултатите за останатите ученици ќе бидат објавени кон крајот на месецов.