Денес и утре посвежо – до крај на јули очекувајте пекол

Сподели со своите пријатели

Вторник и среда оваа недела ќе бидат малку попријатни денови во однос на температурата, но од четврток веќе навлегуваме во период на нешто потопли, може да се каже и жешки денови, јавува Метеопро.

Loading...

Станува збор за период на стабилно време, кое ќе трае барем до 25 јули, период во кој речиси и да ќе нема шанси за врнежи.

Во однос на температурата, таа ќе има релативно константен од во наредниот период. Поголеми нагли скокови и падови барем до 25 јули не се очекуваат.

Под константно влијание на термички гребен на топла воздушна маса стационирана над северна Африка, максималната темпертура во повардарскиот регион генерално ќе има вредности околу 35°С во северниот тек, додека јужниот дел на повардарието очекува максимална околу 37°С.

На повисоките места во источниот крај температурата ќе има вредности околу 31°С. Во охридско-преспанскиот регион, времето дефинитивно ќе биде наклонето и за туристите, но и за мештаните.

Температурата во овој регион ќе има максимална вредност во границите од 30 до 33 целзиусови степени.

На куси периоди, ден до два, овие вредности ќе бидат за 2-3 степени повисоки.

Вредноста на УВ индексот ќе биде висока, 9, а тоа значи дека е есенцијална заштитата на кожата од штетното сончево зрачење.

Loading...