Демонстранти го опколија ресторанот каде вечераше канадскиот премиер: Имаш крв на рацете (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотици полицајци беа испратени во ресторан во Ванкувер, каде вечераше канадскиот премиер Џастин Трудо, откако околу 250 пропалестински демонстранти го опколија ресторанот.

Loading...

Двајца мажи беа уапсени, еден за наводен напад на полицаец, а другиот за опструкција, додека демонстрантите скандираа имиња кон Трудо, вееја палестински знамиња и бараа премиерот да повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

„Срам да ви е, имате крв на рацете“, извикуваа дел од демонстрантите.

Полицијата успешно го извлекла Трудо од ресторанот околу 22 часот и тој не е повреден.

Трудо претходно го повика Израел да покаже максимална воздржаност за да ги заштити цивилите додека израелските сили продолжуваат со нападите низ Газа.

„Ги слушаме сведочењата на лекарите, преживеаните, децата кои ги загубиле своите родители. Светот е сведок на убиства на жени и деца“, рече Трудо.

Тој исто така го повика Хамас да престане да ги користи Палестинците како жив штит, но еврејските лидери остро ги осудија неговите забелешки.

 

Loading...