Тибетскиот активист Лобга Рангзен (42) почина откако се самозапали пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, протестирајќи против политиката на Кина кон Тибет и новиот закон за етничко единство.
Демонстрантот, кој се претстави како „неуморен бранител на Тибет“, се самозапали синоќа, 2 јули, соопшти полицијата во Њујорк.
Тибетецот, идентификуван како Лобга Рангзен (42), протестираше против новиот закон за етничко единство на Кина што се однесува на Тибет.
Како што објавува „Њујорк пост“, ужасната сцена на неговото самозапалување беше снимена и емитувана во живо на социјалните мрежи.
Рангзен, облечен во монашки мантии, постави тибетско знаме на тротоарот, а потоа се самозапали на прометна улица за време на вечерниот шпиц, што може да се види на видео.
Додека гореше, фрлаше парчиња хартија, а на едно од нив пишуваше „Исфрлете ја Кина од Тибет“, што е слоган поврзан со движењето за независност на Тибет, односно модерното движење „Слободен Тибет“.
Набрзо пристигна брза помош и пламенот беше изгаснат, а тој беше префрлен во болница, каде што беше прогласен за мртов.
Рангзен живеел во САД околу 20 години и работел како возач на Убер.
Од март 2009 година, повеќе од 150 луѓе се самозапалија во Тибет во знак на протест против она што го опишуваат како „кинеска окупација“.
Движењето „Слободен Тибет“ се стреми да го врати суверенитетот на автономниот регион Тибет, со враќањето на Далај Лама на власт.
Ова движење го оспорува анексијата на тој регион кон Кина во 1951 година.

