Демони или генијалци: Неверојатни факти за левораките луѓе

Сподели со своите пријатели

Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн, Бенџамин Френклин, Микеланџело, Марк Твен, Џими Хедрикс, Марија Кири, Цезар, Александар Македонски, Ганди, Моцарт, Бетовен, Гете, Аристотел, Кафка, Ханс Аднерсон, се само некои од луѓето кои пишувале со лева рака.

Во продолжение прочитајте 20 интересни факти за левораките луѓе:

  1. Ја сочинуваат само 10% од популацијата, а експертите установиле дека тој процент не се менувал уште од неолитот.

  2. Дали сте левораки или деснораки можете да утврдите со помош на коса. Утврдено е дека луѓето на кои косата им расте во правец на стрелките на часовникот најчесто се деснораки.

  3. Имаат различни когнитивни предности, подобро помнење и ментално се флексибилни.

  4. Повеќе ја користат десната страна од мозокот, додека кај деснораките е обратно.

  5. Во просек имаат пониска толеранција на алкохол, па се склони кон алкохолизмот.

  6. Подоцна влегуваат во пубертет и подоцна созреваат за разлика од деснораките.

  7. Подобри се во вршењето повеќе работи истовремено.

  8. Да се биде леворак е наследна карактеристика која ни ја пренесуваат родителите.

  9. Жените кои стануваат мајки во четириесетитте години имаат двојно поголеми шанси да родат леворако дете за разлика од оние кои родиле во дваесетитте.

  10. Истражувањето покажало дека се понеспретни.

  11. Подобри се во математика, па им лежат архитектурата и креативните професии.

  12. Низ историјата, да се биде леворак била негативна работа. Во некои култури биле сметани за вештаци и демони.

  13. Подложни се на дислексија.

  14. На светот постојат повеќе левораки мажи од жени.

  15. Истражувањето покажало дека предвреме родените бебиња имаат повеќе шанси да бидат левораки.

  16. Повеќе од половина од хомосексуалците се левораки.

  17. Потешко се справуваат со негативните емоции и се склони кон депресија.

  18. Само еден процент од лушето во светот се амбидекстери – односно ги користат подеднакво левата и десната страна од мозокот. Тие имаат еднакви моторички способности на двете страни од телото.

  19. Во просек живеат 9 години подолго од луѓето кои се деснораки.

  20. Истражувањето потврдило дека коефициентот на интелигенција поголем од 140 е позастапен кај левораките за разлика од деснораките луѓе.

 

Loading...