Делегацијата на Груевски принудно слетала во Цирих

Сподели со своите пријатели

На враќање од Стразбург, Никола Груевски и неговата делегација, принудно слетале во Цирих.

Loading...

Портпаролот на Владата потврди дека имало дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници.

,,Според информациите кои ги имам присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според протоколот за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром“, изјавил портпарлот на Владата.

Според него сите патници добро се чувствуваат и ќе се утврдува што точно се случило.


Leave a Reply