Како што објави косовскиот портал Зери за време на викендот, денеска започна распитот на дел од осмоничените за тероризам кои полицијата ги уапси во мај годинава. Шестмина од осомничените кои се наоѓаат во притвор во КПУ Шутка, денес беа изведени на распит пред Јавен обвинител со одбивање да дадат исказ.
Тие одбиле да проговорат, бидејќи Јавниот обвинител не им презентирал никакви докази со кои располага обвинителството и на тој начин се прекршува постапката, вели нивниот адвокат Насер Рауфи за 24 вести.
Нивната одбрана и досега реагираше дека постапката се одолговлекува, а по разговорите со дел од уапсените, изразија и сомневања дека уапсените се жртви на вработени во УБК кои биле учесници во акцијата. Осомничените свој исказ ќе дадат откако нивните адвокати ќе направат увид во доказите и ќе ја подготват нивната одбрана.