Данска ја продолжува контролата на границата со Германија за дополнителни шест месеци бидејќи терористичката закана против Данска останува сериозна, соопшти доцна во петокот данското Министерство за правда.
Заканата потекнува од милитантните исламисти и е последица на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството.
„Терористичката закана против Данска е сериозна. Тоа ми покажува дека мора да продолжиме внимателно да размислуваме кому ќе дозволиме да ги премине границите на нашата земја“, рече министерот за правда Питер Хумелгард во изјавата.
Целта на проширените гранични контроли е да се обезбеди дополнителна алатка за полицијата во борбата против тероризмот и прекуграничниот криминал.
Данска првично воведе гранични контроли на почетокот на 2016 година за време на бегалската криза и постојано ги продолжуваше од различни причини.
Некогаш ги омекнуваше, а некогаш ги стегаше
Контролите почнаа да се фокусираат на борбата против криминалот во април 2023 година, а полицајците беа распоредени повеќе во граничната област отколку исклучиво на самите гранични премини.
Ова имаше значително позитивен ефект врз борбата против прекуграничниот криминал, според Министерството за правда во Копенхаген.