Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, тврди дека Русија планира масовен напад на 24 февруари, годишнината од нападот врз Украина.
Loading...
Данилов рече дека Украина е подготвена за нападите, пренесува Униан.
„Ние сме подготвени за тоа. Мислам дека веќе знаеме што се такви напади, откако ќе имаме 115-120 проектили во еден ден. Ќе го издржиме и тој ден“, рече Данилов.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.