Две победи и еден пораз запиша кумановецот Данило Методиевски од Кик-бокс клубот Предатор, на Интернационалниот куп во Кутина Хрватска.
– Во Првата борба Методиевски имаше убедливо водство од 3:0. Втората борба беше претесна и добиена во последни секунди со дисквалификација на противникот поради недозволени удари и трета борба противникот беше подобар и го победи Данило со 3:0, изјави неговиот тренер Јован Крстевски.
Крстевски вели дека за прв пат учествуваат на овој куп, на кој учество земаат 700 натпреварувачи од дури 84 клубови и со овој настап ја заокружуваат успешно 2024 година.
– Ова најверојатно ни е последен натпревар за оваа година. Во 2025 година ке донесеме злато, ветува Крстевски.
Никола Ивановски