Дамаск: Од септември досега 41 лице почина од колера

Сподели со своите пријатели

Сириското Министерство за надворешни работи потврди дека 41 лице починало од колера, а дека 757 лица се разболеле од регистрирањето на првиот случај на почетокот на септември.

Loading...

Министерството додаде дека најмногу случаи има во Алепо (477), додека осум случаи се регистрирани во главниот град Дамаск, пренесе ТАС С.

Хуманитарниот претставник на Обединетите нации во Сирија, Имран Риза, рече дека избувнувањето започнало кога водата од непроверени извори, како што е реката Еуфрат, била користена за време на жешката летна сезона.

Според него, епидемијата во Сирија претставува сериозна закана за жителите на целиот Блиски Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека во светот во просек годишно се регистрираат од 1,3 до 4 милиони случаи на колера и дека од оваа болест умираат неколку десетици илјади луѓе.