Гледачите на утринската емисија од Велика Британија беа изненадени од жени кои велат дека се „екосексуалки“ – и тврдат дека се „венчани“ за Земјата и дека ѝ пружаат „задоволство“.
Ени Спринкл и Бет Стивенс од Сан Франциско се појавија во емисијата на програмата ITV за да разговараат со водителките Алисон Хамонд и Дермот О’Лири за нивните сексуални преференции.
Тие објаснија дека имаат „интимна врска со нашата планета“ и дека „водат љубов“ со Земјата.
Опишувајќи го движењето „ecosexual“, Бет рече: „Лесно е да се дефинира, екосексуализмот, тоа е некој што ја сака Земјата“.
– Замислуваме дека Земјата е наш љубовник и уживаме во сите сензуални задоволства што ни ги нуди Земјата – додаде Ени.
Набргу по емитувањето на емисијата, на социјалните мрежи се појавија бројни коментари во кои луѓето најмногу ја изразуваа својата зачуденост.
„Треба да го ставите своето срце во тоа и само да се отворите и да дозволите вашата еротска енергија да се движи низ вас и да го почувствувате дрвото и да го сакате тоа дрво“, рече Ени.
Тие велат дека луѓето ги прашуваат дали дрвото се „согласило со врската“, а Бет одговорила: „Не можеме да разговараме со дрвјата, но слушаме и се обидуваме да почувствуваме дали дрвото сака да се гушка или не“.