Дали лебот од цели необработени зрна е навистина толку здрав?

Сподели со своите пријатели

Белиот леб сигурно не е најдобрата опција што можете да ја изберете бидејќи е високо обработена храна, додека лебот од цели зрна се смета за поздрава опција.

Loading...

Истражувањата покажуваат дали лебот од цели зрна е навистина здрав.

Голема доза на хранливи материи

Бидејќи не е толку обработен, лебот од цели зрна сеуште содржи корисни хранливи материи. Тие вклучуваат цинк, влакна, магнезиум, антиоксиданси и витамини од групата Б. Овие хранливи материи можат да помогнат во варењето на храната, а исто така можат да спречат некои болести.

Голема количина на влакна

Од сите хранливи материи што се наоѓаат во лебот од цели зрна, влакната се најважни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето кои зборуваат два јазика имаат помала веројатност да развијат деменција

 

Loading...

 

Во едно парче таков леб, ќе добиете околу три грама влакна, што е околу 12 проценти од вкупната дневна количина што треба да ја консумираме.

Влакната се клучни за губење на тежината, регулирање на шеќерот во крвта и намалување на ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

Поздраво варење

Ова е повторно поврзано со растителни влакна кои се клучни за здраво варење. Добрите бактерии во дигестивниот систем се хранат со растворливи влакна, што го намалува нивото на шеќер во крвта.

 

 

Loading...

Може да ги намали воспалителните процеси во телото

Неколку студии покажаа дека лебот од цели зрна ги намалува воспалителните процеси во телото, а со тоа и ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чаеви кои најдобро го регулираат крвниот притисок

Leave a Reply