Со климатските болести на Европејците им се закануваат многу болести кои ги пренесуваат инсектите, а меѓу земјите кои се најманогу загрозени се Србија и Хрватска, велат научниците на неодамна одржаниот собир во Амстердам.
Растот на температурата на воздухот е соодветен за населување и размножување на комарците, крлежи и други инсекти кои пренесуваат болести како енцефалитис, лишманиоза, западнонилска треска, денга треската и други.

Најголемо влијание климатските промени имаат на т.н. векторски боелсти. Станува збор за болести чии предизвикувачи извезено време, пред да дојдат до својот домаќин, минуваат во преносителот, односно векторот, а тоа се инсекти, најчесто комарци и крлежи.
Ги има се повеќе и постојано освојуваат нови пдорачја. Со која брзина, најдобро илустрира фактот дека секое зголемување на температурата на воздухот за само 0,1 степен целзиусов го шири живеалиштето на комарците и до 150 километри на север.

Како да се заштитиме?
Избегнувајте престој покрај река, особено рано наутро и приквечер.
Носете облека со долги ракави и долги ногавици, која не е прилепена кон телото затоа што комарците можат да каснуваат и преку облека. Непокриените делови од телата премачкајте ги со репаленти.
Заштитете ги прозорците со мрежи и други средства против комарци.
Престојувајте во климатизирани простории затоа што пониските температури не им одговараат на комарците.
Редовно менувајте застоена вода од отворени садови на балкон или близу домот и со подметувачот во кој се цеди водата од саксијата. Застоената вода е место за полагање јајци на комарците.