Дали Илон Маск е најголемиот сојузник на Украина?

Сподели со своите пријатели

Сите тенкови, топови, пиштоли, ракети и друга муниција што НАТО му ги доставува на Киев од почетокот на конфликтот во Украина не се ни приближно важни како пристапот до сателитската мрежа Старлинк.

Loading...

Без комуникација преку сателити со ниска орбита во сопственост на Илон Маск, украинската војска би била слепа и глува.

И на сите нивоа.

Без размена на податоци преку „Старлкинк“, генералштабот во Киев не би можел да издава наредби на единиците на терен.

Војниците на фронтот би останале без артилериска поддршка бидејќи не би имале начин да ги пренесат координатите на позициите на непријателот, а се верува дека последните напади на мостот на Крим биле извршени токму благодарение на водењето на беспилотните летала преку сателитска врска од мрежата „Старлинк“.

Исто така, постои сомневање дека нападите со беспилотни летала врз Москва биле насочени со поврзување на комерцијални сателити.

И во тој случај се споменува името на Маск.

Русите го знаат тоа одамна.

Loading...

За време на борбите во Мариупол, два украински хеликоптери доставија опрема за поврзување со „Старлинк“ до „Азовстал“.

На овој начин, податоците за движењето на руската опрема и единици биле пренесени до војниците опколени во челичарницата.

Лондонски „Тајмс“ потоа објави напис дека Украинците управуваат со беспилотни летала преку сателити и успешно ги напаѓаат руските цели.

Москва доби конкретен доказ за вмешаност на компанијата на Илон Маск во украинската војна кога на една од плажите на Крим беше пронајден дрон со терминал „Старлинк“.

Тој дрон требаше да гаѓа воени цели во Севастопол.

Руските сили објавија дека почнале да ја прекинуваат мрежата „Старлинк“ во тактичката насока Лугано.

Москва располага и со проектили кои би можеле да уништат сателити над нејзината територија, но таквата можност повлекува низа други ризици.

Соборувањето на сателити останува како средство за целосна војна, бидејќи остатоците од уништените сателити најверојатно ќе оштетат десетици и стотици други сателити, сопственост на земји кои немаат никаква врска со војната во Украина.

Loading...

Значи, Русија засега има уште трпение, но прашање е до кога ќе биде така.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.