Дали е подобро да се туширате наутро или навечер?

Сподели со своите пријатели

Над 70 проценти од луѓето се тушираат еднаш дневно, а некои се тушираат на секои два дена. Различното времена туширање има различни ефекти.

Loading...

Прашањето е старо колку и тушот – дали е подобро да се истуширате во вечерните часови или наутро.

Дали пешкирите можеме да ги користиме повеќе пати?

И додека повеќето одлучуваат по сопствена преференца, експертите од универзитетот Харвард конечно одговориле на оваа дилема.

Откриле дека не постои никаква разлика во чистотата на телото во текот на денот помеѓу оние кои се тушираат наутро или навечер, така што од хигиенска страна, самото време не е важно.

Но, постојат и други работи кои влијаат на тоа – пред се состојбата на организмот.

Значи, не е добро да се ограничите да бидете само еден тип. Поточно, туширањето исто така треба да се прилагоди на ситуацијата во вашиот живот.

За здрава и хидрирана кожа: Ова треба да го направите три минути по тушурањето

Loading...

„Утринскиот туш е подобра опција кога работите се стресни на работа или под притисок да бидат креативни. Таквиот туш ве опушта, се регенерираат когнитивните процеси и решенијата ви доаѓаат на ум со многу помалку напор“, вели психологот од универзитетот Харвард, Шели Карсон.

Од забавната страна

– Околу 8 проценти од луѓето пеат под туш

– Околу 2 проценти од нив се перат

– Околу 90 проценти од нив донесуваат животни одлуки.

Зошто не треба да се туширате пред првиот дејт?

Вечерен туш

Студијата покажува дека туширањето пред спиење е добро решение за луѓето кои имаат проблем „да се исклучат“ и да спијат, бидејќи ги намалува нивото на хормонот на стрес, кортизол.

Loading...

Ја регулира температурата на телото и, по тушот, има природен ефект на ладење, што е природен начин да се подготвите за спиење.

Дерматолозите исто така сметаат дека туширањето во вечерните часови е подобро за оние со проблеми со кожата, бидејќи себум и разни загадувачи се акумулираат на кожата во текот на денот.

Како да ја спречите иритацијата на кожата по депилацијата?

Не користете сапун и гел секој пат!

Експертите предупредуваат дека секојдневното туширање, колку и да е пријатно и пожелно во време на голема топлина и потење, не е толку здраво за кожата бидејќи ги суши природните масти кои служат како заштита.

Агресивните агенси со многу детергент како SLS (натриум лаурет сулфат) и парабени можат да предизвикаат прекумерно сушење, па дури и потење, а се советува само повремено да користите гелови за туширање и почесто да се миете со обична вода.

Ладниот туш го јакне имунитетот, а косата и кожата ги прави поубави

Навиките за туширање се често културни, така што во Азија, на пример, луѓето се тушираат почесто во вечерните часови, додека во САД, на пример, тие обично се тушираат наутро.

Loading...

Нема такви правила во Европа, така што љубителите на туширањето во утринските и вечерните часови се во ист број.

Leave a Reply