Дали пешкирите можеме да ги користиме повеќе пати?

Сподели со своите пријатели

Во многубројни истражувања кои ги спровеле разни научници ширум светот, конечно добивме одговор на прашањето: „Колку пати можеме да користиме еден ист пешкир?“.

Loading...

Ако истиот пешкир го користите повеќе од четири пати, својат акожа ја изложувате на бактерии, па дури и мувла.

– Пешкирите кои ги користиме по капење или туширање, па ги оставаме влажни да се исушат, би требало да се користат до четири пати. Бактериите и мувлата ќе започнат да се собираат, иако нивниот раст ќе се успори кога пешкирот ќе се исуши, објаснува професорката Кели Рејнолд ос Универзитеот во Аризона.

Многу е важно да имате на ум и дека пешкирите кои сме ги користиле треба правилно да се исушат пред следната употреба.

Пешкирите сеогаш целосно раширете ги за да целосно и се исушат. Доколку при туширањето пешкирот го држите во бањата, тогаш задолжително отворете врата или вклучете вентилација.

Сепак, се препорачува пешкирите да не се држат во купатило, со оглед дека таму има најмногу влажност.

Leave a Reply