Дали е на повидок конфликт меѓу Кина и САД?

Сподели со своите пријатели

Лидерот на американската стратешка команда, адмирал Чарлс Ричард, смета дека на повидок е голем конфликт меѓу Кина и Соединетите Американски Држави.

Loading...

Како што тврди тој, руската инвазија на Украина само „загрева за подолг конфликт со Кина што им се заканува на САД“.

Имено, како што пишува The War Zone, тој предупреди дека САД треба да се подготват за конфликт со Кина во блиска иднина.

Агресивен чин

Тој смета дека конфликтот може да започне со некој агресивен чин на Народна Република Кина кон Тајван.

А дека неговите зборови треба да се сфатат сериозно, говори и позицијата што ја има во моментов – имено, како шеф на американската стратешка команда, Ричард е одговорен за состојбата и подготвеноста на американскиот нуклеарен арсенал што може да се активира како дел од нуклеарна тријада (напад или одговор на напад со помош на нуклеарно оружје лансирано/исфрлено од воздух, земја или море).

Пред неколку дена Ричард својот став и мислење го изнесе на симпозиум, а Министерството за одбрана на САД ги објави потоа.

Ричард изјави дека предноста на Америка во вооружувањето пред Кина полека се топи.

Само загревање

– Оваа украинска криза е само загревање. Големиот конфликт допрва доаѓа. Наскоро ќе бидеме искушувани и тестирани на начин на кој не сме биле долго време. Треба да иницираме некои брзи, фундаментални промени во начинот на кој оваа земја пристапува кон својата одбрана, рече Ричард.

Loading...

Како што вели, не е премногу охрабрен од моменталната состојба.

– Кога ќе го погледнам нашето ниво на одвраќање на заканата од Кина, морам да кажам дека нашиот брод полека тоне. Полека, но сигурно тоне, бидејќи Кинезите развиваат нови воени капацитети побрзо од нас. Како што таа крива се оддалечува и подалеку, нема да биде важно колку е добар нашиот оперативен план, колку се добри нашите команданти или колку се добри нашите „коњи“. Едноставно нема да ни бидат доста, а тоа е нашиот прв, најнепосреден проблем, заклучил Ричард.