Дагестан: Граѓаните против мобилизација, испукани предупредувачки истрели

Сподели со своите пријатели

Судир меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на одлуката на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за делумна мобилизација избувна денеска во Махачкала, главниот град на руската провинција Дагестан.

Loading...

Како што пренесува Ројтерс, десетици видеа објавени на социјалните мрежи сведочат за судирот меѓу полицијата и демонстрантите кои извикуваа слогани против војната во Украина.

Првата руска воена мобилизација по Втората светска војна, која Путин ја најави во средата, предизвика протести во многу градови низ Русија.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Ројтерс оценува дека гневот на јавноста е особено силен во сиромашните региони на етничките малцинства како Дагестан, регион со мнозинско муслиманско население сместен на брегот на Каспиското Море во планинскиот Северен Кавказ, пренесува Танјуг.

Десетици видеа објавени на социјалните мрежи покажаа судири со полицијата во регионалниот главен град Махачкала во неделата, додека демонстрантите извикуваа „не на војната“, додаде Ројтерс.

Loading...

Британската агенција вели дека не успеала независно да ја потврди автентичноста на снимката, која беше споделена преку социјалните мрежи и прикажана од руски независни медиуми.

Претходно, полицијата испука предупредувачки истрели во воздух, откако десетици демонстранти во село во Дагестан го блокираа главниот пат за да протестираат против официјални лица кои, наводно, повикале повеќе од 100 мажи од селото со 8.000 жители на воена служба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Ројтерс проценува дека Дагестан веќе платил висока цена за време на овие седум месеци војна.

 

 

Според Би-Би-Си, најмалку 301 војник од Дагестан загинале – најмногу од кој било регион во Русија и 10 пати повеќе од бројот на загинати од Москва, која има пет пати повеќе население.

Руското Министерство за одбрана, кое во средата соопшти дека речиси 6.000 руски војници се убиени од 24 февруари, не ги објави податоците за регионалните жртви, според Ројтерс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.